Свет Балкан Ердоган е разочаран од американскиот однос кон воената криза во Сирија

Ердоган е разочаран од американскиот однос кон воената криза во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради односот кон сириската криза, изјавувајќи дека е разочаран од политиката на Вашингтон.

Ердоган во интервју за „Си-Би-Ес“ изјави дека, како резултат на американската политика во Сирија, постои безбедносна закана по Турција на нејзината јужна граница, а последица на тој однос е и што во неговата држава има три милиони бегалци.

– Иако разговаравме со претседателот Барак Обама и потпретседателот Џозеф Бајден тие не пристапија сериозно кон решавањето на проблемите. Тоа за нас е крајно вознемирувачко – изјавил Ердоган.