Свет Европа „Ер Франс“ во загуба од 70 милиони евра по нападите во Париз

„Ер Франс“ во загуба од 70 милиони евра по нападите во Париз

Француско-холандскиот авиопревозник „Ер Франс –КЛМ“ денеска соопшти дека во декември претрпел штета од околу 70 милиони евра поради терористичкиот напад во Париз, извршен на 13 ноември.

Компанијата објави дека ефектот од терористичките напади врз бројот на патниците се почувствувал во последните две недели.

Во декември компанијата пренесла 6,7 милиони патници, а пополнетоста на седиштата била 82,9 отсто, што е оценето како „стабилен“ резултат.

Прометот во ноември опаднал за околу 50 милиони евра како резултат на нападите, објави „Ер Франс – КЛМ“.