Главна секција ЕП изгласа резолуција за итно давање датум на Македонија и Албанија

ЕП изгласа резолуција за итно давање датум на Македонија и Албанија

Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“, Европскиот Парламент изгласа резолуција со која ги повикува земјите-членки на ЕУ на наредната средба да донесат одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија.

Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија „длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почне пристапни преговори, со оглед на тоа што обете држави направија значителни напори за исполнување на европските барања“.

„Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка. Ја истакнуваме улогата и одговорноста што ја има Емануел Макрон во врска со одбивањето и негативните последици од тоа врз кредибилитетот на ЕУ“, се нагласува во твитот на пратеничката група на ЕПП.