Економија ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање вода од Охридско Езеро

ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање вода од Охридско Езеро

Од АД ЕЛЕМ велат дека е „лага дека водите од Охридско Езеро биле прекумерно искористувани за производство на електрична енергија“, како реакција на соопштението на СДСМ.

– Зголеменото производство во декември е според планот за работа за тој месец, како и поради натпросечните дотеци во ноември, а, пак, намаленото производство за јануари се базира врз планот  во енергетскиот биланс за тој период и согласно потпросечните дотеци во декември минатата година – велат од ЕЛЕМ.

Оттаму истакнуваат дека го прилагодуваат испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според котата на езерото, а во согласност со референтните податоци на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ „Глобочица“.