fbpx

СДСМ: ЕЛЕМ го загрози Охридско Езеро, ќе има одговорност

-

Во денови на најмал дотек на вода во Охридско Eзеро, енергетската компанија АД ЕЛЕМ произвела струја повеќе од планираното токму преку двете хидроелектрани што користат вода од езерото, се вели во соопштението на СДСМ.

– Документот се однесува на декември 2016 година и од него може да се види дека хидроелектраните Глобочица и Шпилје, коишто користат вода од Охридско Езеро, произвеле повеќе од 16 гигават-часови пoвеќе електричнa енергијa oд тоа што било плaнирaнo. Очигледно дека компанијата ЕЛЕМ, соочена со потребата од скап милионски увоз на струја и со недостиг на други домашни енергетски капацитети, недозволиво посегнала по максимално производство на струја преку водите на Охридско Езеро – велат од СДСМ.

Во соопштението на партијата се додава дека „граѓаните знаат дека раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ деновиве несовесно зборува за инвестиции во домашни енергетски капацитети, само да го оттргне вниманието од овој скандал“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...