Видео Екстрадирана Жанета Баша, осудена за детска проституција

Екстрадирана Жанета Баша, осудена за детска проституција

Министерството за внатрешни работи ја заврши екстрадицијата од Грција на 54-годишната Жанета Баша од Гостивар. Таа е спроведена во затворот „Идризово“ на издржување затворска казна во времетраење од 10 години.

Таа се бараше преку Итерпол со меѓународна потерница, распишана по наредба на Основниот суд Гостивар, а беше лишена од слобода во Грција во септември минатата година, по што ѝ беше изречена мерка притвор и почна постапката за нејзина екстрадиција. Во 2012 година, Основниот суд Гостивар ја прогласи за виновна за трговија со малолетно лице, а на оштетените треба да им исплати 400.000 денари.

„Таа се товарела дека трудово и сексуално ги експлоатирала малолетничките на начин што оштетените работеле како келнерки и придружнички на гости во угостителскиот објект „Делфина“ во Гостивар и секогаш кога обвинетата ќе им наредела, давале сексуални услуги во нејзиниот стан и во мотелите „Елита“, „Монако“ и „Игнација“ во Гостивар и во други мотели за износ од 2.000 до 3.000 денари за еден клиент“, велат од МВР.