Свет Свет Експлозија во пакистанскиот град Лахор, шест загинати и 15 повредени

Експлозија во пакистанскиот град Лахор, шест загинати и 15 повредени

Шест лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во експлозија во пакистанскиот град Лахор, соопштија пакистанските претставници.

Причината за експлозијата, која одекнала во луксузен ресторан, засега не е позната, рече министерот за правда Рана Санаула.

Инцидентот доаѓа по серијата самоубиствени и други напади во кои во изминатите две недели загинаа повеќе од 125 лица. Одговорноста за нападите ја презедоа неколку милитантни групи, вклучувајќи ја Исламска држава и фракциите на талибанците.