Свет Европа Експлозија во Анкара, најмаку 27 загинати

Експлозија во Анкара, најмаку 27 загинати

Најмалку 27 лица загинаа, а 75 се ранети во експлозија во центарот на Анкара. По експлозијата се слушнале и пукања, а запалени се и одреден број на возила.

Сведоци велат дека димот од местото на експлозијата може да се види и од 2,5 километри оддалеченост.

Од канцлеаријата на градоначалникот на Анкара соопштуваат дека убиени се најмалку 27 лица, а дека се повредени најмалку 75.

Турските безбедносни служби истакнуваат дека најверојатно станува збор за самоубиствен бомбашки напад.

За сега никој не ја презема одговорноста за експлозијата.

Според известувањата на телевизијата „НТВ“, станува збор за автомобил бомба, додека „ТРТ“ известува дека експлозијата се случила по судир на автомобил и автобус.

Полицијата ја затворила областа и забранила пристап на новинарите поради можноста за постоење на уште една бомба.

Во експлозија на автомобил бомба пред три недели во главниот град на Турција убиени се 29 лица.