Свет Експлозија на танкер и на бензинска пумпа во Гана

Експлозија на танкер и на бензинска пумпа во Гана

Неколку лица загинаа, а има и повеќе повредени при експлозија на течен природен гас во главниот град на Гана, Акра, соопшти заменик министерот за информации на Гана, Коџо Опонг Нкрума.

– За жал, има неколку смртни случаи и ние работиме за да го утврдиме нивниот број – рече Нкрума, додавајќи дека бројот на повредените е голем, но дека пожарот е ставен под контрола.

Според очевидци, четири или пет лица загинале во експлозијата.

Портпаролот на пожарникарска служба во Гана, Били Енглејт, изјави дека пожар на танкер предизвикал експлозија на бензинска станица и оти сè уште се истражува причината за пожарот.