Видео Експлодира вулкан на Хаваи

Експлодира вулкан на Хаваи

Вжештена лава, камења и гас полетаа низ воздухот по експлозија на вулканот Килауеа на Хаваите, што беше предизвикана од уривање на ѕидот на кратерот.

Уривањето на карпите предизвика експлозија, излевање на лава и ширење на вулкански материјал околу кратерот Халемауману, на вулканот Килауеа, соопшти хавајската вулканска опсерваторија.

Карпите што го опколувале езерото од лава попуштиле под влијание на гасовите и на крај паднале во езерото, предизвикувајќи експлозија која исфрли материјал во небото во висина до 280 метри.