Свет Свет Египетски милитанти нападнале црква и полиција

Египетски милитанти нападнале црква и полиција

Исламските милитанти вчера извршиле напади на двата најголеми града во Египет. Бомбашки напад е извршен во Каиро, а црква била мета на нападот во Александрија.

Во експлозија на бомба на мост кој води до каирскиот кварт Замалекм, каде се наоѓаат многу амбасади, загина еден полицаец. Уште двајца полицајци и еден цивил се сериозно повредени.

Во Александрија, милитантите од минибус пукале на црквата, ранувајќи еден полицаец и тројца цивили.

Повеќето напади на милитантите се случуваат на полуостровот Синај, оддалечено, но стратегиски важно подрачје кое се граничи со Појасот Газа, Израел и со Суецкиот Канал.