Свет Египетскиот суд му ја потврди 20-годишната затворска казна на Мохамед Морси

Египетскиот суд му ја потврди 20-годишната затворска казна на Мохамед Морси

Египетскиот суд ја потврдил 20-годишната затворска казна на поранешниот претседател на земјата, Мохамед Морси, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на извори од египетското правосудство.

Ова е прва правосилна пресуда против Морси во врска со обвинението кое го товари за убиство на демонстранти за време на протестите во 2012 година.

Морси, кој беше првиот демократски избран претседател на Египет, се соочува со кривична одговорност и за оддавање државни тајни на Катар, здружување со палестинската милитантна група Хамас и за организирање бегство од затвор во 2011 година.