Свет Египетскиот авион се урнал кај грчкиот остров Карпатос

Египетскиот авион се урнал кај грчкиот остров Карпатос

Авионот на египетската авиокомпанија „Египет Ер“, кој исчезна од радарите на летот од Париз кон Каиро, се урнал во близина грчки остров Карпатос, соопшти извор од грчкото воздухопловството.

Според истиот извор, авионот бил во египетскиот воздушен простор, кога исчезнал од грчките радари. Леталото се урнало на околу 130 наутички милји од островот Карпатос.

Компанијата „Египет Ер“ денеска соопшти дека авион со 66 патници и членови на екипажот, исчезнал од радарите во 02.45 часот по локално време.

Египетските медиуми јавуваат дека армијата добила автоматски сигнал за помош од авион, само два часа по исчезнувањето од радарите.

Засега не се познати причините за падот на авионот.