Свет Египетската војска по грешка уби 12 туристи

Египетската војска по грешка уби 12 туристи

За време на антитерористичките акции на западот на земјата, египетските сили за безбедност по грешка отвориле оган врз возила во кои се наоѓале туристи, при што убиле 12 лица, а раниле десет Мексиканци и Египќани, објави египетскиот министер за внатрешни работи.

Војската била во потрага по „терористички елементи“ на тоа подрачје, кога настанала забуната и го нападнале конвојот од четири возила што ги користеле туристите.

Египетскиот министер најави истрага за тоа како и зошто возилата на туристите влегле во забранетото подрачје.

Египетските сили за безбедност се мета на повремени напади на бунтовниците, откако војската во 2013 година го собори исламскиот претседател Мохамед Морси.