Свет Свет Египет: Доживотен затвор за 69 исламисти

Египет: Доживотен затвор за 69 исламисти

Египетскиот суд денеска им одреди доживотна казна затвор на 69 исламисти поради палење на една црква во близина на Каиро, во август 2013 година.

Во насилствата, кои на 14 август 2013 година избија во градот Кердеса, запалени беа црква и полициска станица.

Претходно истиот ден, владините сили извршиле напад на два демонстрантски кампа во кои се наоѓаа приврзаниците на Морси, при пто се убиени повеќе стотини лица.