Свет Египет: 26 загинати и 30 повредени во серија терористички напади

Египет: 26 загинати и 30 повредени во серија терористички напади

Дваесет и шест лица загинаа во серијата терористички напади кои исламистичката група ги изврши на Синајскиот Полуостров во Египет.

Десетина војници загинаа при експлозија на автомобил-бомба и при минофрлачки напад извршен врз воената касарна Ел Ариш.
Како што јавуваат египетски воени извори, еден мајор на египетската војска загина при напад во Рафах, погранично место со појасот Газа.

Засега нема информација за бројот на загинатите во нападот извршен во градот Шеик Зуваид.

Серијата напади на Беит ал Магдис, која е блиска до екстремистичката сунитска група Исламска држава, доаѓаат по неделните протести со кои се одбележа четиригодишнината од масовните протести при кои беше соборен тогашниот претседател Хосни Мубарак.

Египетските здравствени служби јавуваат дека 30 лица се повредени во серијата напади.