Македонија Едно починато лице и 65 нови ковид случаи евидентирало Министерството за здравство

Едно починато лице и 65 нови ковид случаи евидентирало Министерството за здравство

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Во последното деноноќие направени се 695 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство (МЗ). Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 14 реинфекции. Вкупно 61 пациент е заведен како оздравен во истиот временски период.

„Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), истото е починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15 до 28 септември. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови“, се вели во соопштението од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 2.165.557 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.