Свет Европа Една полицајка е тешко ранета, а неколкумина се повредени при престрелка во...

Една полицајка е тешко ранета, а неколкумина се повредени при престрелка во Минхен

На железничка станица во Минхен се случила вооружена пресметка, а светските медиуми јавуваат дека една полицајка е ранета.

Германската полиција на „Твитер“ објави дека неколку лица се ранети, а полицајката била тешко повредена. Едно лице било уапсено.

Медиумите пишуваат дека напаѓачот пукал на полицајката при проверка на документи во воз.

Железничката станица е затворена, а патниците се евакуирани.