Главна секција Една година од поплавите во Скопско во кои 22 лица ги загубија...

Една година од поплавите во Скопско во кои 22 лица ги загубија животите

Пред една година невремето предизвикано од обилни дождови и силен ветер во Скопскиот Регион кај населените места Стајковци, Смиљковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево предизвика поплави во кои загинаа 22 лица, десетици беа повредени, а причинета беше голема материјална штета.

Граѓаните од целата држава се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите, а 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

На дел од улиците поплавени беа сите дворови, подруми и првите катови на куќите, а водата однесе и дел од бетонските огради на куќите како и нивната покуќнина.

Жителите, војската, но и повеќемина доброволци со денови по поплавата со кофи и со пумпи ја испумпуваа водата и ги исфрлаа калта и ѓубрето од поплавените домови.

На 6 август 2016 година во текот на 24 часа во Скопје наврнаа 92,9 литри на квадратен метар, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.