Свет Единаесет цивили убиени во напад во Сирија

Единаесет цивили убиени во напад во Сирија

Најмалку 11 цивили загинаа во воздушните напади во Сирија во изминатите 24 часа, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Во нападот на периферијата на Дамаск се убиени осум лица, меѓу кои има и деца, соопштија опозициските активисти.
Како што се наведува, тоа е прв инцидент откако Русија пред три дена соопшти дека постигнала спогодба со сириската опозиција за примирје на границите на безбедносната зона.

При нападот е направена материјална штета, а како што наведуваат жители на Дамаск, бунтовниците околу еден час подоцна истрелале неколку гранати кои паднале во близина на амбасадата на Русија, но нема информации за жртви.

Во новите напади во Источен Гути, како и во градот Арбин и во околината загинале уште три лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.