Свет Свет Единаесет деца убиени во Дамаск

Единаесет деца убиени во Дамаск

Експлозии во Дамаск

Единаесет деца загинаа во североисточниот дел на Дамаск, во бомбардирање при кое е погодено училиште во квартот што е под контрола на бунтовниците, јавуваат невладини извори и активисти.

– Единаесет деца загинаа во бомбардирањето на квартот Кабун, кој е под надзор на власта – соопшти активист за човекови права, додавајќи дека гранатите паднале врз училиштето.

Видеоснимката од активистите од Кабун прикажуваат крвави тела на деца. Активистите го обвинија претседателот Башар ал-Асад за „масакрот на децата“.