Свет Балкан Единаесет бегалци се удавија во Егејско Море

Единаесет бегалци се удавија во Егејско Море

Најмалку 11 лица денеска загинаа, а 13 се водат за исчезнати откако брод со околу 50 мигранти потона во Егејско Море, соопштија грчките власти.

Меѓу загинатите има пет деца, четири мажи и две жени, а нивната националност засега не е позната.

Грчката крајбрежната стража наведе дека од чамецот се спасени 26 лица и оти дрвениот чамец, кој тргнал од Турција, потонал во близина на грчкиот остров Фармакониси.

Грција е прва членка на ЕУ во која бегалците и економските мигранти доаѓаат патувајќи кон Западна Европа.