Македонија ДЗС: Во август забележан раст на прометот во трговијата

ДЗС: Во август забележан раст на прометот во трговијата

Прометот во трговијата во текот на август годинава забележал раст во однос на идентичниот период лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, минатиот месец во споредба со август 2018 година, е забележано зголемување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5,6 отсто, а реално за 3,6 отсто), во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 18 отсто, а реално за 18,1 отсто) и во трговијата на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,6 отсто, а реално за 10,7 отсто).

Статистичките податоци покажуваат дека намалување на прометот е забележано единствено во групата трговија на мало, и тоа во делот на автомобилските горива, каде е забележано номинално намалување за 8,4 отсто, а реално за 4,1 отсто.