Економија ДЗС: Бруто-домашниот производ лани пораснал за 4 отсто

ДЗС: Бруто-домашниот производ лани пораснал за 4 отсто

Фото: Влада на РСМ

Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал од минатата година пораснал за 2,3 отсто, со што земјава ја завршила 2021 година со зголемување на БДП-то за 4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на БДП-то минатата година е резултат првенствено на неговиот пораст во вториот квартал, кога статистичарите регистрираа негов раст за 13,4 отсто во однос на второто тримесечје од 2020 година. Наспроти ова пак, во првите три месеци од минатата година Северна Македонија имаше намалување на БДП-то за 1,8 отсто.

Во однос на четвртото тримесечје од 2021 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2 отсто; Ѕ – Информации и комуникации од 5,3 отсто; kako и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 3,1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално пораснала за 10,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесувала 62,5 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 9,7 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележал пораст во номинален износ од 22,6 отсто.