Свет Балкан Две жртви во невремето во Северна Грција, еден Македонец се спасил

Две жртви во невремето во Северна Грција, еден Македонец се спасил

Две лица загинаа во поплавите и во невремето што ја зафатија Северна Грција. Како што соопшти грчката полиција, едниот од загинатите е грчки државјанин кој патувал од Македонија кон Грција, а втората жртва на невремето е 50-годишен маж чие тело било најдено во надојдена река во населбата Неа Филаделфија во Солун.

Телото на загинатиот кој патувал од Македонија кон Грција било најдено утринава во канал во областа на селото Аспро, во близина на Кукуш и на Поликастро.

Загинатиот доаѓал од Македонија во Грција со такси со македонски регистрации. Според информациите во грчките медиуми, возилото вчера било повлечено и понесено од силни води на патот. Таксистот кој е македонски државјанин, успеал кога се случила несреќата да го напушти возилото и да се спаси, меѓутоа неговиот грчки патник не успеал да се спаси. Таксистот веднаш побарал помош и ја алармирал полицијата за да се почне истрага за неговиот патник.

Како што дознаваме во моментов, возачот кој управувал со таксито е на распит во полицијата.

М.П.