Македонија Две жени и четири деца каснати од куче во Општина Аеродром

Две жени и четири деца каснати од куче во Општина Аеродром

Во изминатите два дена, во полициската станица Аеродром пријавени се шест настани во врска со напад на куче скитник врз граѓани на подрачјето на населбата Аеродром, помеѓу булеварите Јане Сандански и АСНОМ, се вели во билтенот на МВР.

Се работи за шест лица, од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години, кои се каснати од куче.

Од страна на полициската станица Аеродром била известена шинтерската служба на Град Скопје.