Хроника Две момчиња избодени со нож, едното во критична состојба

Две момчиња избодени со нож, едното во критична состојба

Две момчиња биле избодени со нож од страна на група од три-четири непознати лица, ноќеска, триесетина минути по полноќ, во близина на зграда на булеварот АСНОМ во скопската населба Ново Лисиче, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, групата извршила убиство во обид над Д.Б. (23) и С.Р. (22), кога еден од напаѓачите им нанел повеќе убодни рани.

Според полицијата, Д.Б. е во шок-соба и се наоѓа во критична состојба.

Екипи на скопската полиција трагаат по напаѓачите.