Хроника Две бугарски државјанки доживотно протерани од земјава поради серија кражби

Две бугарски државјанки доживотно протерани од земјава поради серија кражби

Секторот за внатрешни работи поднел кривична пријава против две бугарски државјанки, кои извршиле серија кражби во центарот на Скопје, информираат од МВР.

Според полицијата, осомничените Б.Б.И.(33) и Г.Д.Н.(41) се товарат дека извршиле три кривични дела кражба, во кои однеле плен од околу 26.500 денари.

Како што информираат од МВР, судија на претходна постапка на бугарските државјанки им одредил мерка од една година затвор со 3 години условна казна и доживотна забрана за влез во земјава.

Кражбите осомничените ги извршиле во бутик и во автобус во центарот на Скопје, каде користејќи ја гужвата, на оштетените им ги земале паричниците од чантите.