Хроника Двајца загинати во сообраќајка на булеварот Партизански одреди во Карпош

Двајца загинати во сообраќајка на булеварот Партизански одреди во Карпош

Две лица ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што утринава, околу 3.30 часот, се случила на булеварот Партизански одреди во населбата Карпош.

Несреќата се случила кога такси-возило, марка „мерцедес“, од засега непознати причини, излетало од коловозот, а потоа првин удрило во жардињера, па во дрворедот на булеварот.

Во несреќата на самото место починале возачот на такси-возилото, 35-годишниот А.В., и 37-годишната С.К. од Скопје.

Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени за обдукција.