Свет Европа Двајца загинати и повеќе исчезнати рудари по земјотрес во Полска

Двајца загинати и повеќе исчезнати рудари по земјотрес во Полска

Двајца рудари загинаа, а најмалку шест се водат како исчезнати по земјотресот што го погоди југозападниот дел на Полска.

Земјотресот е регистриран вчера вечерта, на длабочина од 10 километри.

Девет рудари од рудникот Рудна се евакуирани, а еден од нив починал. Уште еден рудар починал во окното на рудникот, а три рудари се тешко повредени.

– Имаше 16 рудари во опасна зона. Некои од нив се извлечени – рече портпаролката на компанијата што го поседува рудникот.

Земјотресот со јачина од 4,5 степени според Рихтерова скала се случил нешто по 21 часот.