Свет Двајца турски војници загинаа при напад со автомобил-бомба

Двајца турски војници загинаа при напад со автомобил-бомба

Двајца турски војници загинаа, а четворица се повредени при напад со автомобил-бомба врз нивниот конвој во југоисточниот дел на земјата, кој е населен главно со Курди.

Нападот следел откако бунтовничката група Курдска работничка партија (ПКК) се закани дека повеќе нема да го почитува примирјето, кое се одржува од 2013 година, бидејќи Турција ги бомбардира нивните позиции во северниот дел на Ирак.