Дописници Двајца скопјани осомничени за серија кражби во цркви во Охридско

Двајца скопјани осомничени за серија кражби во цркви во Охридско

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривични пријави против две лица од Скопје, кои се товарат за серија кражби во цркви во неколку охридски села.

Според полицијата, осомничените ги извршиле кражбите во периодот од минатото лето до средината на февруари оваа година.

Против нив е поднесена кривична пријава за пет тешки кражби и за два обида за тешки кражби.

Осомничените, според полицијата, ги извршиле кражабите во цркви во селата Лескоец, Старо Лескоец и Горно Лакоречеј, од каде одзеле околу 2.000 евра.

Полицијата не соопштува дали се одземени и икони или други црковни предмети и реликвии.