Свет Балкан Двајца повредени во експлозија на провладин митинг во Анталија

Двајца повредени во експлозија на провладин митинг во Анталија

Две лица се полесно повредени при синоќешната експлозија на рачно изработена бомба во центарот турскиот град Анталија, јавува „Си-ен-ен Турк“.

Експлозијата одекнала за време на провладин митинг, а направата била поставена под клупа во тој дел на градот. Повредените веднаш се хоспитализирани.

Полицијата засега го истражува нападот, но не открива повеќе детали.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.