Хроника Двајца кавадарчани осомничени за трговија со хероин

Двајца кавадарчани осомничени за трговија со хероин

Двајца кавадарчани, на возраст од 31, односно 33 години, се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информираа полицијата.

Полицијата, на 17 февруари оваа година, при претрес на осомничениот М.А. (31), пронашла 20 пакувања со 5,86 грама хероин.

Од разговорот со него, било утврдено дека дрогата претходниот ден ја купил од К.Ч. (33), за сума од 10.000 денари.