Видео Двајца убиени во новата заложничка драма во Париз (директно)

Двајца убиени во новата заложничка драма во Париз (директно)

Најмалку две лица се убиени во супермаркетот во Париз, во кој влета неидентификуван маж и киднапира неколку лица. Засега не се знае дали напаѓачот е поврзан со браќата Кауши.

За време на нападот во супермаркетот, две лица загинаа, а уште најмалку пет се држат како заложници во супермаркетот. Напаѓачот упаднал во бакалницата со кошер-производи, а како што јавуваат француските медиуми, едно лице е повредено.

Некои од вработените за време на нападот успеале да истрчаат надвор, јавува „Паризиен“.

Како што јавува „Фигаро“, напаѓачот бил вооружен со „клашников“, а набргу на местото на настанот пристигнале и француската полиција и војската.

Полицијата претпоставува дека станува збор за осомничениот за убиството на полицајката во Монруж, чиј идентитет денеска е утврден.

Претставничка на Партијата на левицата, Ракел Гаридо, на својот твитер-профил објави дека во квартот Порт де Висен, на североистокот на градот, се пука и оти полицијата ги евакуира граѓаните.