Колумбиската полиција во Тихиот Океан, во близина Колумбија, пресретнала два еквадорски глисера кои превезувале 1,3 тона кокаин кон Централна Америка.
Во полициската акција, која е извршена пред два дена, приведени се седум лица, двајца од Еквадор и петмина од Колумбија.
Мајорот Хорхе Родригез, директор на истражната комисија, соопшти дека акцијата може да доведе до разоткривање мрежа на наркодилери.