Македонија Дури 445 прекршоци на одредбата за носење маски се евидентирани во последното...

Дури 445 прекршоци на одредбата за носење маски се евидентирани во последното деноноќие

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на изминатовото деноноќие, на територијата на целата земја, полицајците евидентирале 445 прекршоци на наредбата за задолжително носење заштитна маска.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.