Економија ДС бара да се блокираат понатамошните задолжувања на државата

ДС бара да се блокираат понатамошните задолжувања на државата

„По задолжувањето на државата за 450 милиони евра, пари кои првенствено ќе бидат наменети за клиентелизам (купување на гласови), Демократскиот сојуз во соработка и со консултација со финансиски експерти, ќе предложи законски решенија со кои ќе се оневозможи Владата да ги задолжува граѓаните без согласност од Собранието“, информираат од оваа партија.

Од ДС додаваат дека последниот долг со издавање на еврообврзница е направен без претходна анализа и консултација на експерти, како и без елементарно информирање на Собранието и на пошироката јавност.

– Владата и понатаму должи објаснување за висината на долгот што го направи, за високата камата, за тоа на што ќе ги потроши парите и како ќе се враќаат. Ова расипничко и арогантно  однесување само ја потврдува потребата на граѓаните од брзи избори, од промена и од одговорност – велат од Демократски сојуз.