Свет Балкан Државниот фонд на Дубаи стана сопственик на комплексот „Порта Монте Негро“ во...

Државниот фонд на Дубаи стана сопственик на комплексот „Порта Монте Негро“ во Тиват

Државниот фонд на Дубаи од денеска е сопственик на поморско-туристичкиот комплекс во Тиват, „Порта Монте Негро“.

Корпорацијата „Инвестмент корпорејшн Дубаи“ (ИЦД) го купи овој луксузен комплекс чијшто мнозински сопственик беше канадскиот милијардер и сопственик на рудник на злато, Питер Манк.

Манк кон крајот на 2006 година од владата на Црна Гора го купи некогашното воено бродоградилиште во Тиват за 23 милиони евра и го претвори во поморско-туристички центар со едно од најсовремените пристаништа, каде што пристигнуваат голем број лускузни јахти, сопственост на светски богаташи.

Инвеститорот тврди дека во овој комплекс инвестирал 400 милиони евра.

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека владата со новите инвеститори ќе ја продолжи реализацијата на јасната стратегија за развој на поморскиот туризам во Тиват и во Бока Которска и дека ќе работат на позиционирање на Црна Гора како дестинација која нуди високо-квалитетен туризам.