Свет Европа Драги: Потребна е подобра координација на централните банки во светот

Драги: Потребна е подобра координација на централните банки во светот

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, денеска апелираше на подобра координација меѓу водечките централни банки во светот за подобро соочување со предизвиците на денешната глобална економија.

Ова Драги го истакнал на специјалниот форум во организација на ЕЦБ во лускузното одморалиште Синтра во Португалија.

Претседателот на Европската централна банка ги повикал светските лидери да се усогласат околу тоа кои се ризиците што ја загрозуваат глобалната економија и да преземат конкретни акции за промовирање на економскиот пораст и за отворање нови работни места.