Ctrl - Z Дизајни за поддршка на „Медена земја“ на патот кон оскарите (галерија)

Дизајни за поддршка на „Медена земја“ на патот кон оскарите (галерија)

Не стивнува еуфоријата по историскиот успех на екипата на „Медена земја“, филмот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов кој е номиниран во две категории за оскарите, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. По бројните изјави, пофалби и желби за уште поголем успех на доделувањето на оскарите на 9 февруари во славеничката атмосфера се вклучија и македонските уметници со свои дизајнерски видувања изработени како поддршка на патот на „Медена земја“ кон оскарите.

Порталот „Окно“ направи избор од дизајните, а автори се Ѓорѓе Јовановиќ, Зоран Кардула, Перо Георгиев, Небојша Гелевски, Теано Кардула,Ласко Џуровски, Александар Ковачевски, Милчо Вељаноски, Ристо Аврамовски, Андреј Павлов, Ана Стојановска и Васил Шемко.