Македонија Директорите на училиштата од Центар не биле на тајниот состанок во „Јосип...

Директорите на училиштата од Центар не биле на тајниот состанок во „Јосип Броз Тито“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска се сретна со директорите на седумте основни училиште од Центар.

Директорите на состанокот негирале дека биле повикани и оти присуствувале на  каква било средба во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Жерновски се надева дека политиката нема да се вмеша во образованието и дека најстрого ќе бидат казнети директорите што ќе ги затворат вратите на училиштата, како што тоа денеска беше случај во две скопски гимназии.