Главна секција Димитров и Коѕиас ќе се сретнат во Софија на 15 и 16...

Димитров и Коѕиас ќе се сретнат во Софија на 15 и 16 февруари

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, ќе се сретнат во Софија на 15 и 16 февруари, на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, објави Независната Балканска новинска агенција ИБНА.

Се очекува Димитров и Коѕијас да разговараат за следните чекори во процесот за решавање на спорот за името меѓу двете земји.

Вчера, македонскиот премиер Зоран Заев, најави дека следната недела треба се одржи нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас со посредникот на ОН Метју Нимиц.

Заев информираше дека средбите на преговарачките тимови ќе продолжат интензивно во следниот период затоа што, како што рече, времето е кратко и треба брзо да се делува.