Свет Балкан Димитриев во Рига се сретна со бугарскиот премиер Борисов

Димитриев во Рига се сретна со бугарскиот премиер Борисов

Премиерот на Република Македонија за спроведување на избори, Емил Димитриев, вчера во Рига се сретна со бугарскиот колега, Бојко Борисов.

Двете страни се обврзале да придонесат со заедничка заложба за унапредување на економската соработка, трговската размена и за реализација на инфраструктурни проекти што се од значење за двете држави, со акцент на изградба на железничката и патна инфраструктура на коридорот 8.

Истакната е значајноста и потребата од членство на Република Македонија во НАТО и почеток на пристапни преговори за македонско членство во Европската Унија. Од двете страни била нагласена одлучноста за понатамошно продлабочување на добрососедските односи.

Премиерите се согласиле дека тежиштето мора да биде ставено на големиот потенцијал за размена во области што се од најголемо значење на граѓаните на двете земји, како економијата, туризмот и културата. Заедничка намера е добрите практики на соработка, преку академиите за науки, да се пресликаат и во другите области на соработка.