Македонија Димитриев бара да се констатираат оставките на министрите на СДСМ

Димитриев бара да се констатираат оставките на министрите на СДСМ

Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици – министри од редовите на СДСМ.

Тој доставил нови предлози за министри и тоа Митко Чавков за внатрешни работи и Диме Спасов за труд и социјална политика.

Во дописот до Собранието Димитриев побарал изборот на новите министри за внатрешни и за труд и социјална политика да биде извршено на денешната 101 седница.

Пред изборот на министрите, Собранието треба да ги констатира оставките на Спасовски, Ременски и на дополнителните министри од редовите на СДСМ.

Спасовски и Ташевска Ременски, како и дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ поднесоа оставки на 6 април оваа година.