Главна секција ДИК во застој, теренската проверка никако да почне

ДИК во застој, теренската проверка никако да почне

Поради потреба од дополнителни консултации околу тоа како и во колкав обем да се извршат теренските проверки на сомнителните гласачи во избирачкиот список, седницата на Државната изборна комисија, синоќа, повторно беше одложена.

– На Државната изборна комисија ѝ е потребно дополнително време за консултации во врска со усвојувањето на Извештајот од вкрстените проверки – изјави советничката во комисијата, Љупка Гугучевска.

Таа не кажа дали има закажано нов термин за седница.

Од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ спорат околу бројката на сомнителни гласачи за кои треба да се изврши теренска проверка.

Според СДСМ, треба да се проверат повеќе од 200.000 гласачи, додека за ВМРО-ДПМНЕ спорни се 75.000 имиња во избирачкиот список.