Македонија ДИК утре ќе достави мислење до Пендаровски за временските рокови потребни за...

ДИК утре ќе достави мислење до Пендаровски за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК), која следува по вчерашната одржана лидерска средба во Кабинетот, а на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.

„Претседателот ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес. На средбата беше договорено ДИК, во текот на утрешниот ден да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот,“ информираа од таму.

Освен ставот на ДИК, како услови за одржување на предвремените избори се и мислењето на Комисијата за заразни болести односно пропишување на протокол на кој начин истите би се одржале, имајќи ја предвид кризата со корона вирусот, како и одговорот од ОБСЕ/ОДИХР дали може да испратат набљудувачи.