Македонија ДИК обработи 93,96 проценти од податоците: Коалиција Можеме – 36,13, а опозициската...

ДИК обработи 93,96 проценти од податоците: Коалиција Можеме – 36,13, а опозициската Обнова – 34,65 отсто

Портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК), Адмир Шабани изјави дека се обработени 93,96 отсто од податоците по избирачките места.

„Коалицијата Можеме освои 36,13 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 34,65 проценти, ДУИ 11,57 проценти, Алијанса на Албанците и коалицијата 8,79 проценти, Левица 3,96 проценти, ДПА 1,48 проценти, Интегра 1,33 проценти,“ изјави Шабани.

Од ДИК информираа дека вечерва нема да биде соопштен распоредот на мандати на одржаните предвремени парламентарни избори, туку по официјалните проверки ќе биде направен утре.