Главна секција ДИК денеска одлучува каков чекор ќе преземе

ДИК денеска одлучува каков чекор ќе преземе

Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи работен состанок на кој ќе се расправа како ќе постапи, откако утврди дека на изборите закажани за 5 јуни ќе настапи само една коалиција.

Иницијативата за овој работен состанок е на членовите на комисијата од ДУИ и од СДСМ, а од исходот на денешниот состанок ќе зависи дали оваа точка ќе се најде и на јавна седница на комисијата.

Инаку, ДИК вчера без жрепка утврди дека ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче ќе биде под редниот број еден.

На листата нема други партии, со оглед дека СДПМ ги повлече кандидатските листи, а партијата на Јанко Бачев е отстранета од изборите зашто не беа поправени нерегуларностите во законскиот рок на кои укажа ДИК.

Никола Груевски најави дека по одржување на изборите и по формирањето на новото Собрание во кое сите пратеници ќе бидат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржат нови избори.

Сепак, меѓународната заедница предупреди дека таквиот собраниски состав нема да биде признаен.