Хроника Џип на граничната полиција се превртел на автопатот Тетово – Гостивар

Џип на граничната полиција се превртел на автопатот Тетово – Гостивар

Џип на граничната полиција вчера се превртел на автопатото Тетово – Гостивар. Во сообраќајната несреќа биле повредени четворица полицијаци, кои се надвор од животна опасност.

Според првичните неофицијални информации, несреќата се случила кога возачот, обидувајќи се да се избегне пешак кој претрчувал на автопатот, ја изгубил контролата врз џипот.